Политика Свет

Заменик државниот обвинител на САД поднесе оставка

Американскиот заменик државен обвинител Род Розенстајн соопшти дека поднесува оставка, која ќе стапи во сила на 11-ти мај.

Розенстајн го постави специјалниот советник Роберт Малер во мај 2017 година да ја истражи поврзаноста меѓу руската Влада и изборната кампања на Доналд Трамп. Неговата оставка не е изненадување.

Американскиот претседател Доналд Трамп, веќе го именуваше на таа позиција заменик секретарот за сообраќај Џефри Розен.