Македонија Политика Свет

Трамп го испрати на ратификација протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати на ратификација во Сенатот пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, соопшти Белата куќа. Ратификацијата на протоколот ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да стане член на НАТО, додаваат од Белата куќа.

Во пишаното обраќање на Трамп до Сенатот се вели дека Северна Македонија е решителен партнер на САД во сферата на безбедноста и од нејзиното членство во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и НАТО Алијансата.

Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО беше потпишан од амбасадорите на сите земји членки на НАТО на 6 февруари 2019 година во Брисел.