Свет

Таткото на Асанж: Еквадор го продаде мојот син поради кредитот на ММФ од 4,2 милијарди долари

Еквадор го продаде Џулијан Асанж во замена за кредит на Меѓународниот монетарен фонд, кој може да се добие само со одобрение на Вашингтон, рече таткото на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс.

Еквадор немаат своја валута и затоа го користат американскиот долар, рече Шиптон и додаде дека крајот на февруари, Еквадор постигна договор за финансирање од ММФ во износ од 4,2 милијарди долари.

„Јас имам 74 години, тој изгледа како јас, а има 47 години“, изјави загрижениот татко и додаде дека се плаши дека Британија ќе го депоpтира неговиот син во САД.

Тој се насмевна на обвиненијата дека неговиот син работи за Русија, а тоа обвинение доаѓа од штабот на Хилари Клинтон. Шиптон не мисли дека Трамп ги добил изборите поради тоа што неговиот син го објавил, туку поради тоа што државната секретарка Хилари Клинтон ја „уништи Либија“.

Џулијан Пол Асанж е најдобро познат по неговата работа на мрежното место Викиликс, каде е портпарол и уредник. Студирал физика и математика, а се занимавал и со програмирање.

На 16 години започнал да се занимава со хакерство. Бил уапcен во 1991 година за неовластен упад во компјутерски систем. На судењето се изјаснил за виновен по сите точки од обвинението.

Поради доброто однесување бил оcуден на парична казна од 2100 австралиски долари. Џулијан Асанж во 2006 година го основал мрежното место Викиликс и го вдомувал на домашен опслужувач. Од тогаш на Викиликс има објавено стотици документи поврзани со воjните во Ирак и во Авганистан.

На 30 ноември 2010 година, бил ставен на црвениот список на Интерпол за лица по кои се тpага на барањето на Шведска, каде против него започнала, потоа била стопирана, а потоа уште еднаш била започната иcтрага за наводно cилување извршена во текот на летото 2010. На 7 декември Асанж ѝ се предал на лондонската полиција, но бил пуштен на слобода со кауција по 10 дена.