Македонија Политика

Силјановска по средбата со Апасиев: Јас не сум чула пратеници, министри да бидат револуционери

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова, по средбата со Димитар Апасиев и Левица, рече дека очекува цензус во вториот круг на изборите, затоа што како што рече, верува дека студентите кои таа ги учела ќе знаат за кого да гласаат.

„Разговараме за она што се соочува Македонија. Мислам дека е јасно дека доаѓа крајот на политичките глумци на Балканот, особено на Западен Балкан. Тоа е веќе прочитано и јасно. Очигледно е дека оние кои ја креирале кризата на демократијата, не можат да бидат реформатори. Потребен е радикален пресврт, а тоа значи поинаква политика, луѓе кои се спремни да го вложат своето знаење, луѓе без фрустрации и луѓе почитувани. Крајно време е сите да се изборат за своето право, а не со полнење на кутии, не со семејно гласање. Верувам дека тие кои сум ги учела, ќе знаат за кого да гласаат. Јас знам што е револуција, но како одеднаш сега повторно се појави „Шарена револуција“?. Јас не сум чула пратеници, министри да бидат револуционери. Се надевам дека ќе биде исполнет цензусот за вториот круг и се надевам дека сериозно ќе се земат предвид предупредувањата на Венецијанската комисија“, порача Силјановска-Давкова.