Култура

Сандра Цаловска по шести пат ќе настапи на „Си-До“

До одржувањето на детскиот музички фестивал „Си-До“ 2019 година, преостана уште малку време.

Во едно од поновите изданија на емисијата „Тера Забавник“, 12-годишната Сандра Цаловска од Ресен, откри колку позитивно се смениле нештата од нејзиниот прв настап, па сѐ досега.

Првпат ѝ станува позната на јавноста со песната „Златка рипка“, а при разговорот скромно открива колку секоја година носи богати искуства и дружба со останатите учесници.

Оваа година по шести пат ќе пее на фестивалот кој е закажан за 25 април.

Нејзината песна го носи насловот „Кога би можела“.