Култура Свет

По 350 години од неговата смрт, Рембрант „лично“ дава совети за сликање со помош на технологија(ВИДЕО)

Информациите и технологијата, овозможија 350 години по неговата последна обука, гласот на мајсторот уште еднаш да се слушне во проектот The Rembrandt Tutorials

Во најпознатиот музеј во Амстердам, Rijksmuseum, повторно се слуша гласот на Рембрант благодарение на ИНГ банка и агенцијата Џ.Валтер Томпсон Амстердам.

Цела низа на професионалци работеле со гласовна технологија, исцрпни истражувања и анализа на податоци со цел да ги репродуцираат техниките на сликање, личноста, јазикот и гласот на холандскиот сликар, што резултираше со проектот “The Rembrandt Tutorials“, во кој совети дава “лично” познатиот сликар и тоа го прави со зборовите на неговиот оригинален јазик и дијалект од 17 век, со реконструиран звук на неговиот сопствен глас.

На 350-годишнината од неговата смрт, Рембрант уште еднаш ги подучува луѓето како да сликаат.

 

Никола Поповски

Коментирај

Кликни овде за да коментираш