Свет

Њујоршките училишта се затворени за да се запре ширењето на морбилите

Федерални службеници соопштија дека од 1 јануари во САД има 704 заболени, најмногу во градот Њујорк и округот Рокланд. Повеќето болни се од заедницата на ортодоксните евреи.

Одделот за здравство на градот Њујорк испратил покани до 57 лица кои не ја исполниле наредбата за вакцинирање против морбили. Секој од повиканите може да биде казнет со илјада долари.

Службениците го повикаа државниот Парламент да го укине законот со кој се дозволува ослободување од обврската за имунизација поради религиозни убедувања.

Ирина

Коментирај

Кликни овде за да коментираш