Македонија

Град Скопје ги исчисти излетничките места за први мај, оттаму се апелира да не се фрла ѓубре

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот – 1 мај, екипите на Град Скопје деновиве ги чистеа видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.

„Апелираме до граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема.

Ова особено важи на местата како што се: Парк–шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, кањонот Матка и други излетнички места.

Да ги зачуваме зелените површини и урбаната опрема“ – апелира град Скопје.