Македонија

Две деца се тешко повредени во сообраќајка во Прилеп

Рано утрово на улицата „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, Н.Б. (35) од Прилеп, управувајќи патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле две деца – сопатници на возраст од две и четири години и биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од полициската станица Прилеп.