Култура

Денеска Дебар маало го слави роденденот на Горан Стефановски

Семејството на драмскиот писател и професор Горан Стефановски, денеска 27 април ќе одржи чествување на неговото лик и дело.

-На 27 април на неговиот 67ми роденден, сабота, во Дебар маало (кај кругчето карши Наџак), прво ќе се сади дрво во малото паркче, а потоа ќе има кратки читања, проекции на слики и видеа, музика итн. Идејата е да го прославиме неговиот живот и работите што тој ги сакаше, а се разбира и да се видиме и да пијнеме по нешто. Ќе дадам повеќе информации за времето на настанот, ама за сега само сакав да ве замолам да го резервирате денот, напиша неговиот син Игор на социјалната мрежа Фејсбук.

Стефановски почина на 27 ноември 2018 година во Кентбери, Велика Британија каде што живееше подолго време.