Македонија

Далип: Египќаните не можат да ги остваруваат уставно загарантираните права и слободи, ќе реагираме до Меѓународната заедница

Припадниците на етничката заедница на Египќаните, кои за жал, се етничка заедница врз која се врши повеќекратна дискриминација, етничка заедница која нема ниту еден вработен деклариран Египќанец согласно содржината, духот и одредбите на охридскиот Рамковен договор, немаат соодсветна и адекватна застапеност во институциите на системот, ниту било какво раководно место дури од најниско ниво.

Египќаните сега се на удар на институциите, бидејќи не можат да ги остварат правата кои им се загарантирани со Устав.

„Оваа состојба е недозволива и поради тоа ќе реагираме до Меѓународната заедница, а патем ќе бидат известени и сите амбасади со кои реализиравме средби и на кои до детаљ им е укажано за статусот на Египќаните во Република Северна Македонија. Тие се интересни само за избори, а потоа се целосно маргинализирани“ – истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќаните“, дипл.правник Демир Далип, кој и самиот вели дека беше жртва на дискриминација од страна на ПИОМ-Охрид, а кој најави дека наскоро ќе биде потпишан Меморандум за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, иако таков постои и сѐ уште е во сила, но во интререс на демократските процеси и взаемната соработка, овој пат тоа ќе се направи со лидерот Христијан Мицкоски.