Македонија

Божиновски објави вознемирувачко видео од Арачиново

Новинарот Зоран Божиновски, на Фејсбук профилот објави видео со вознемирувачка содржина.

Во видеото е прикажан веќе долгогодишниот проблем на жителите на Арачиново кој го имаат со несовесни и луди возачи, кои им го загрозуваат животот со секакви експериментирања при возењето, трки и дивеење.

Како што наведува Божиновски, снимката е прилично нова, а при крај на видеото е прикажан автомобил кој неконтролирано влетува во маж.

Žitelite na ARAČINOVO ušte od periodot po lokalnite izbori koga glasaa za SDSM i izbraa gradonačalnička od ovaa partija, baraa i očekuvaa da se vovede red vo soobrakjajot što minuva sred opštinata (magistralniot pat Skopje – Kumanovo go deli Aračinovo na dva dela!), ama baraa i očekuvaa da se stavi kraj na diveenjeto na ludaci na koi prostorot sred opštinata im e mesto za reli trki i pokažuvanje na (ne)znaenje na vozenje i iskažuvanje vozačka (ne)sposobnost…Eve video snimka kako toa izgleda na delo. Spored mojot izvor, ova se slučilo zavčera. Snimkata e voznemiruvačka vo posledniot del!

Gepostet von Zoran Bozinovski am Dienstag, 12. März 2019