Македонија Политика

Апасиев: Да сакав да се шитнам, уште досега ќе бев пратеник

Првиот човек на „Левица“, Димитар Апасиев по денешната средба со претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, истакна дека тие имаат заеднички точки и во наредните денови ќе го кажат својот став дали ќе ја поддржат Силјановска во вториот изборен круг.

„Имавме конструктивна средба. Ние цениме дека зазедовме антибојкот позиција, затоа што бојкотот во овие избори не е потребен. Констатиравме дека ние сме биле на иста политичка линија, уште од време на Груевски. На средбата беше отворено прашањето за Преспанскиот договор и ние имаме органи во партијата и верувам дека до пред изборниот молк ќе имаме став дали ќе ја поддржиме Силјановска. Има шпекулации дека Мицкоски ми купил кола, Мијалков дека ми купил стан, но тоа не е точно. Да сакав да се „шитнам“, уште досега ќе бев пратеник. Ако некогаш станам пратеник, тоа би било на силите на Левица. Јас не се гледам како политичар или како месија, туку како професор по право“, истакна Апасиев.